359
Директорот на „Франс фудбал“, Паскал Фере, кој традиционално ја доделува „Златната топка“, повторно мораше да демантира објавени информации.
Откако неодамна „Марка“ објави дека добитник на наградата е Роберт Левандовски, португалската телевизија РТП објави дека признанието ќе му припадне на Лионел Меси.
Оваа телевизија беше нападната од Фере, нагласувајќи дека веста е лажна.
-Таа информација е едно големо ср*ње, како и многу други работи во претходните 10 дена. Голем блеф – изјави Фере.
Главни кандидати заедно со Меси за освојување на наградата се Роберт Левандовски и Карим Бензема, а во трката се вклучи и Мохамед Салах.
„Златната топка“ ќе биде доделена на 29 ноември, а рекордер е Меси (6).