199
Не е точно дека ова е присилна вакцинација, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“министерот за здравство, Венко Филипче.
-Апсолутно имаат право граѓаните да не се вакцинираат и притоа еднаш неделно да прават тест на сопствен трошок и да докажат дека се негативни на ковид. На тој начин знаеме дека здравјето на сите околу не е загрозено“, рече министерот.
На забелешката дека ПЦР-тестот е скап и дека ќе биде финанасиски товар за вработените, тој одговори дека вакцината е бесплатна и дека така граѓаните го штитат сопственото здравје, здравјето на сите околу нив и здравствениот систем.