Децата на Канје Вест и неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан се згрозени од неговите неодамнешни испади и се плашат од него, пренесе Page Six. Двојката ги има ќерките Норт и Чикаго и синовите Сент и Псалм, кои наводно не се рамнодушни на објавите на Канје. Раперот претходно на X напиша дека „го сака Хитлер“, продава маици со кукасти крстови и објави фотографија од униформа на Кју Клукс Клан.
Извор близок до Канје вели: „Ова мора да е страшно за Ким. Канје не ги зема неговите лекови, не се подобрува, не се чувствува добро, тоне се подлабоко и не се однесува рационално. Има толку многу негативност – мислам дека нема да го надмине ова“.
Ким неодамна повика на итно сослушување за старателството откако дозна дека браќата Ендру и Тристан Тејт ќе бидат присутни за време на дружењето на Канје и ќерката Норт. Ким го прекинала ова откако дозна дека браќата Тејт, кои неодамна се соочија со обвиненија за сексуален криминал во странство, требало да бидат со Канје.
Ким и Канје неодамна наводно се скарале поради Норт. Раперот објави песна со Диди на Икс, во која се појави и Норт, поради што Ким му испраќала пораки, чии „скриншотови“ Канје ги објави, а потоа ги избриша од интернет. Наводно и рекол на поранешната сопруга дека никогаш повеќе нема да зборува со неа.
„Претходно те прашав дали можам да го заштитам нејзиното име. Ти рече да. Кога ќе наполни 18 години, името оди кај неа. Затоа престани. Ги испратив документите за да не биде во песната со Диди, за да ја заштитам”, одговорила Ким. Канје и се заканил со „војна“ доколку не го смени барањето, велејќи дека ниту еден од нив нема да се опорави од прашината што ќе се крене во медиумите.
Подоцна, се појавија тврдења дека Ким размислува да го промени договорот за старателство со Вест поради се што се случило неодамна. Се тврди дека таа сериозно размислува да го одведе раперот на суд и да побара од судијата да му го одземе заедничкото старателство поради овој инцидент.