Пред нас се празниците во кои обожаваме да купуваме и подаруваме, но одредени подароци поголемиот број од луѓето не сакаат да ги добијат за Нова година.
Убедливо најлош подарок, генерално земено, се сувенири и симболи, порцелански фигури и украси. Потоа, кујнски прибор и апарати, сапун и козметички производи, со исклучок на добри парфеми, депилатори и машинки за бричење, бањарки, крпи за туширање…
Секако, подарокот го избирате според личноста на која ѝ подарувате, а ако сте блиски, секогаш можете да се консултирате за да не направите катастрофа со изборот.
На повеќе од половина од луѓето кои добиле новогодишен подарок, тој воопшто не им бил корисен. Сосема е мал процентот на оние кои сметаат дека вниманието е важно. Повеќето претпочитаат да добијат подарок кој знаат дека е внимателно избран и соодветен на она што го сакаат.
Интересно, но ретко кој сака да биде неверојатно изненаден од подарокот. Постојат и оние кои истиот подарок го проследуваат на некој друг, бидејќи по ниту еден критериум не е избиран за нив и тоа е повеќе од очигледно.