Не ги фрлајте: Како да искористите козметика која не ви одговара?

од Elena Daskalova
335 прегледи

На сите ни е познато чувството кога купуваме нов шампон, гел за туширање или крем за лице, а само по неколку дена сфаќаме дека не ни одговара на кожата.

Често за ваквите производи даваме доста пари, па опцијата фрлање ни е невозможна. Но, не очајувајте, бидејќи постојат повеќе начини како овие козметички препарати да се искористат за друга намена.

Крема за лице

Ако не ви одговара на лицето, обидете се да ја искористите за раце, стапала и лакти. Бидејќи доаѓа во помала количина од вообичаените креми за овие намени, брзо ќе ја потрошите и нема да чувствувате грижа на совест, ниту пак ќе ви се расипе.

Балсам за усни

Иако ретко се случува, сепак е можно да не ви одговара балсамот за усни. Него искористете го за омекнување на заноктиците на рацете и нозете.

Шампон за коса

Шампонот кој не ви одговара на косата лесно можете да го искористите за перење на ниски температури во машина, за рачно перење на деликатни ткаенини и на долна облека од чипка, но е и одлично средство за чистење на четките и сунѓерчињата за шминка.

Регенератор

Регенераторот можете да го искористите наместо гел за бричење на нозете. Не нанесувајте на интимните делови, бидејќи се работи за хемикалија која не е наменета за тој дел од телото.

Пилинг за лице

Пилингот за лице кој не ви одговара, можете да го искористите за тело, за стапала, за раце, за врат или за деколте.

Дезодоранс

На сите ни се има случено да купиме дезодоранс кој не е доволно ефикасен или не ни мириса убаво. Него можеме да го искористиме за неутрализирање на миризбата на обувките. Ставете навечер и до утрото веќе ќе бидат исушени. Во лето, кога носите фустани и здолништа, ставете од дезодорансот на бутините, за да спречите непријатно триење.

Слични содржини