Реал Мадрид му понуди на Винисиус Жуниор 100 милиони евра за продолжување на договорот до 2030 година.
Клубот верува во бразилскиот крилен напаѓач и ќе го задржи во следните пет години, објави „Ас“, додавајќи дека сè е договорено и дека само се чека потписот на Винисиус. Ова ќе се случи по завршувањето на шпанското првенство, а пред почетокот на Светското клупско првенство во САД.
Бразилецот има договор со Реал до крајот на јуни 2027 година. Неговиот агент, Фредерико Пења, „има тенденција да потпишува кратки договори што им овозможуваат на играчите да бидат господари на сопствената судбина“.
Затоа Винисиус ќе потпише само за уште три години. Ова е негов трет договор со клубот. „Првиот беше оној што го поврза со Реал кога имаше 17 години, а вториот кога го обнови договорот за прв пат во 2022 година“, наведува „Ас“ откривајќи детали од соработката.
Винисиус се согласи на плата од 75 милиони евра во текот на пет сезони за продолжување на договорот до 2022 година. Според тој договор, тој заработувал просечно 15 милиони евра нето по сезона. Сега, со ова ново обновување, се приближува до бројката од 20 милиони нето годишно.
Во новиот договор, исто така, има значајни бонуси за постигнати голови. Тие се поделени на колективни, како што се освоени трофеи, и индивидуални, кои вклучуваат постигнати голови и награди како што се „Златната топка“ или наградата „The Best“. Кога ја доби наградата за „Најдобар за 2024 година“, таа му донесе два милиони евра покрај неговата постоечка плата.
„Ас“ истакнува дека новите услови ќе важат веднаш по потпишувањето на продолжувањето на договорот, а не од датумот на истекување на неговиот тековен договор (2027). Платата на Винисиус веднаш се зголемува од 15 на 20 милиони евра по сезона, што значи дека од сега до 2030 година тој ќе заработи 100 милиони евра по даноци само од договорот со клубот.
Долго време се шпекулираше дека Саудијците му понудиле на Винисиус една милијарда евра за пет години, но очигледно е дека спортските мотиви преовладале во случајот со Бразилецот.