Не гладува: Откриено како Синди Крафорд ја одржува витката линија во шестата деценија

од Stefanija Kuzmanovska
269 прегледи

Синди Крафорд важеше за една од најпопуларните и најатрактивните модели. Таа не го менуваше значително својот изглед во изминатите 30 години, па дури и сега кога има 60 години може да се пофали со совршена линија.

Покрај добрите гени, манекенката е посветена и на својот изглед, па редовно вежба и е поддржувач на здравата исхрана.

Сепак, гладувањето не доаѓа предвид. Синди Крафорд јаде пет до шест мали оброци дневно, составени од 30 отсто протеини, 40 отсто јаглени хидрати и 30 отсто здрави масти.

Крафорд за појадок јаде јајца, кашкавал и парче ‘ржан леб. Потоа во средината има овошна закуска, а за ручек риба или пилешко со зеленчук и парче леб. Попладневната ужина содржи овошје или 30 грама кашкавал, а вечерата е варено говедско месо, салата со маслиново масло и грав. На крајот од денот, познатата манекенка пие чаша јогурт или кефир.

Овој режим може да биде многу ефикасен за слабеење, па затоа често се опишува како диета со која може да изгубите и до пет килограми за седум дена.

Слични содржини