Не го интересираат арапските пари: Модриќ останува во Реал

од Vladimir Zorba
3,7K прегледи

По доведувањето на Килијан Мбапе, Реал Мадрид заврши уште една важна работа.

Искусниот играч за врска и раководството на Реал со месеци преговараа за продолжување на договорот, а во одредени моменти се чинеше дека тој веќе е на излезната врата од „Сантијаго Бернабеа“.

Хрватскиот репрезентативец имаше понуди од Саудиска Арабија со многу поголеми примања, но реши да остане во шпанскиот клуб.

Како што објавија речиси сите светски медиуми, Модриќ во средата доцна навечер потпишал нов едногодишен договор со кралскиот клуб.

„Реал Мадрид штотуку потпиша од нивна страна. Потпишано, запечатено, испорачано. Модриќ останува уште една сезона“, објави во средата навечер познатиот новинар на Sky Sport Italia, Фабрицио Романо.

Модриќ така ќе биде во Реал 13 години, откако во клубот дојде од Тотенхем во 2012 година за 35 милиони евра.

Слични содржини