Близнаците во хороскопски знак постојано бараат акција. Љубопитни се, сакаат разновидност и имагинативни сексуални игри. Потребен им е интелектуално стимулативен партнер со кој нема да им биде досадно, а во принцип полесно ќе го најдат меѓу воздушните и огнените знаци отколку земјените и водените знаци.
Дознајте со кого Близнаците можат да имаат успешна врска, а со кого работите нема да одат мазно:
Близнаци и Вага
Одлично се совпаѓаат затоа што и двајцата сакаат да водат стимулативни разговори, да разменуваат имагинативни идеи и да се дружат и да излегуваат. Ја делат желбата да испробуваат нови работи, а и двајцата се плашат од емотивни испади и љубоморни сцени. Тие одлично се разбираат и подеднакво се трудат нивната врска да функционира. Разиграните Близнаци ќе и помогнат на Вагата да ја зајакне својата самодоверба, а во кревет ќе биде охрабрена да се отвори и да се ослободи.
Близнаци и Водолија
Тие ја делат потребата за слобода и интелектуална стимулација. Ќе уживаат во откривањето нови работи заедно и ќе си дадат доволно простор. Отворени се за неконвенционалното и различното, љубовта се менува и ги разбираат каприците на саканата личност. Во сексот тие се имагинативни и слободоумни, а зачинетиот разговор им е најдобрата предигра.
Близнаци и Лав
И двајцата сакаат да излегуваат и да се дружат. Срдечноста на Лавот ќе ги привлече Близнаците, а тие ќе го освојат со својата пристапност и смисла за хумор. На Близнаците нема да им пречи потребата на Лавот за центарот на вниманието, туку спремно ќе му помогнат да успее. Во сексот совршено ќе се надополнуваат, разменуваат возбудливи идеи. Може да настанат проблеми бидејќи на Лавот не му се допаѓаат честите промени за кои се желни Близнаците.
Близнаци и Шкорпија
Тие се два различни света кои тешко можат да најдат заеднички јазик. Шкорпијата сака да навлегува длабоко во работите и ги смета Близнаците за површни, несериозни и детинести. Голем проблем ќе биде неговата склоност кон љубомора и посесивност, бидејќи Близнаците не можат да го издржат ограничувањето на слободата. Ќе и замеруваат на наводниот недостаток на смисла за хумор на Шкорпијата, затоа што нема да ги разберат неговите мрачни, саркастични шеги. Тој, пак, ќе се нервира со нивната леснотија да даваат неискрени ветувања.