Во Скопје променливо облачно, во утринските часови со слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до 5 степени.

Во четврток и петок наместа ќе има повремени врнежи од дожд, ќе дува засилен јужен ветер што ќе допринесе температурите да бидат во значителен пораст. Под влијание на студен и влажен бран во петок кон крајот на денот и во сабота врнежите ќе преминуваат во снег и ќе дува засилен северен ветер.