Не излегувајте без чадор, нè очекуваат врнежи до петок

од Nikola Popovski
164 прегледи

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (и над 20 л/м2) и поројни, проследени со грмежи особено во западните и јужните делови од земјата.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени Целзиусови.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд повремено пороен и во делови од регионот проследен со грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Ветерот долж Повардарието ќе засилува и во среда. Во среда и четврток ќе има локална појава на повремено пороен дожд и грмежи, а потоа следи период на претежно стабилно и постепено потопло време.

Слични содржини