Не излегувајте без чадор: Посвежо време со врнежи од дожд

од Nikola Popovski
25 прегледи

Денес времето ќе биде облачно и свежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд (над 30 l/m²), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и услови за појава на град.

Максималната температура ќе достигне од 19 до 24 степени.

Во Скопје облачно и свежо со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 22 степена.

За утре се најавува променливо облачно и посвежо време. Во претпладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд,а ќе дува и слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Во Скопје утре претпладне ќе биде облачно, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата утре ќе биде до 27 Целзиусови степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса нови врнежи повторно се очекуваат во петок.

Слични содржини