Кевин Пантер, американскиот кошаркар, е досега најголемото засилување на Партизан во преодниот рок.
Поранешниот бек на Олимпија од Милано и поранешен член на Црвена звезда е дел од големиот проект на Партизан по враќањето на Жељко Обрадовиќ на клупата.
Во медиумите и кошаркарската јавност многу се зборуваше за тоа колку Пантер ќе заработи во Партизан и како црно-белите успеаја да го доведат, а деновиве на социјалните мрежи се појавуваат бројни коментари на таа тема.
Она што привлече внимание беше поврзано со тоа како американските кошаркари избираат клубови во Европа и дали главниот критериум се парите или поквалитетните натпреварувања, па му поставија прашања на Пантер за тоа.
„Навистина не ми е гајле да разговарам со луѓе кои не ги познавам и затоа не ме прашувајте секакви ср**а и оставете ме на мир“, напиша луто Пантер на Твитер.