Не ми следува покачување на платата бидејќи на 28. јануари ќе има техничка влада, рече премиерот

од Nikola Popovski
303 прегледи

Мене не ми следува покачување бидејќи на 28-ми јануари ќе има седница на Собрание, на која ќе настапи техничка Влада со технички премиер, вели претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.

Што се однесува до платите на избраните и именувани функционери, премиерот посочи дека има работна група која работи на предлог кој треба да биде доставен до Собранието и потоа таму да се каже последниот збор.

-Работната група треба да каже зошто долго се чека на законот. Ги прашав, но велат дека работат, кажа Ковачевски.

Нови 400 евра ќе легнат на сметките на функционерите со јануарската плата, информираат од Независниот синдикат на државната администрација. Покачувањето се должи на растот на просечната плата во државата за претходната 2023 година. Овие 400 евра се само надополнување на зголемувањето од 78%, кое од април веќе го добија околу две илјади лица, меѓу кои и претседателот, премиерот, министрите, пратениците, градоначалниците, судиите и други.

Слични содржини