Не мислам дека нашиот коалициски партнер не бојкотира, кажа Мицкоски за ВРЕДИ

„Никој гласовите не ги чува во џеб, ниту, пак, може да ги испорача директно од џеб“

од Vladimir Zorba
70 прегледи Фото: Фејсбук/ВМРО-ДПМНЕ

Не мислам дека нашиот коалициски партнер не бојкотира. Никој гласовите не ги чува во џеб, ниту, пак, може да ги испорача директно од џеб. Тоа коешто го видовме помеѓу двата круга од нашиот коалициски партнер во Скопје, од водството на нашиот коалициски партнер, е една чесна заложба за Орце Ѓоргиевски како кандидат тогашен, а сега веќе градоначалник на Градот Скопје. Факт е дека гласачите коишто гласаа за ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски. Претпоставувам тоа била таква одлука на гласачите, и тоа е што е, рече Мицкоски.

Тој негираше дека тоа ќе се одрази врз функционирањето на коалицијата.

На новинарско прашање дали веќе од утре ќе се збијат редовите со коалициските партнери со цел да се испорачаат резултати, Мицкоски одговори дека победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е јасна порака од народот дека по тој правец се гради иднината.

– Победата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и вредностите што таа ги претстави пред граѓаните, за кои се залага и за коишто работи, е јасна и недвосмислена порака од народот дека само по тој правец се гради иднината. И тоа го потврдија гласовите и во Брвеница и во Кичево, но и во другите општини мултиетнички. И тука ние немаме никаква дилема. Тоа го потврдија и најголемиот дел од кандидатите за градоначалници, сега веќе градоначалници од нашите коалициски партнери во Владата и коалицијата ВРЕДИ, но и политичката партија ЗНАМ, рече Мицкоски.