Не можам да гарантирам дали Бугарија нема да стави нова сопка на патот на Македонија кон ЕУ, вели европратеничката Перез

од Nikola Popovski
280 прегледи

Не можам да дадам гаранции за она што бугарската влада ќе го стави на агендата. Не можам да гарантирам за тоа, но можам да гарантирам дека како група ќе работиме во Европскиот парламент за да ги консолидираме овие битни преговори. Дека ние ќе работиме на тоа. Имаме силна позиција на политичка група, рече европратеничката и лидерка на Прогресивната алијанса на социјал демократи во Европскиот парламент, Ираче Гарсија Перез на денешната прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски како одговор на прашањето дали има гаранции дека „Бугарија нема да постави нови сопки на патот на Македонија кон полноправно членство во ЕУ“.

Таа додаде дека имаат силна позиција како политичка група, но дека ова е и силна позиција на Европскиот парламент.

-Работиме на таа позиција. Кога зборувате за уставните измени, морам да бидам јасна дека тоа е суверена одлука. Она што треба да го сфатиме е многу важно за процесот. Ова не е во интерес на Владата, туку граѓаните и државата. Опозицијата мора да има јасен став по ова прашање. Не можете да бидете постојано против се. Сега не е време да се игра со партиски прашања. Национален интерес е да се работи на ова, одговори Перез.

Слични содржини