Не можам да го прејудицирам исходот, вели Османи за преговорите Скопје – Софија

од Vladimir Zorba
194 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешната прес-конференција изјави дека се уште не може да каже каков ќе биде исходот од разговорите меѓу Скопје и Софија, но нагласи дека македонската страна ќе направи се што е можно достојно да ги претстави интересите на државата и во тие рамки да најде заедничко решение.

– Разговараме се уште, не можам да предвидам ништо, ниту да го прејудицирам исходот. Прашањето е премногу комплексно и сензитивно, а периодот е прекраток. Нашиот пристап е дека ќе работиме до последната минута за да ги аргументираме прво нашите погледи кон ова прашање, да ги приближиме различните очекувања. Моето чувство е дека решението е во враќањето на довербата дека Договорот за добрососедство е единствениот инструмент и гаранција за надминување на сите разлики, истакна Османи.

Додаде дека се свесни дека ова прашање е од интерес и за Бугарија, „па колку е неуспех за нас, толку е неуспех и за Бугарија и за ЕУ“.