„Не можам да кажам дека ја сакаме титулата после ова…“: Гвардиола проговори за невидената криза во Сити

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Долго време во европскиот фудбал сме немале можност да видиме криза, низ каква долго време минува Манчестер Сити.

„Граѓаните“ не можат да се соберат, во буквална смисла на зборот. Избраниците на Пеп Гвардиола од натпревар во натпревар редат лоши резултати, а ситуацијата е крајно алармантна, потврди хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол.

Како што истакна, тешко се носи со притисокот …

– Тешко е да се справиш со овој притисок. Сè што можам да кажам е дека мораме да бидеме свесни за ситуацијата што се случува. Не сме мртви, едноставно не победуваме. Верувам дека по Нова година работите ќе бидат поинакви. Исцрпувачки е да се игра на секои три дена. Тоа можам да го кажам сосема отворено. Сите сме исцрпени бидејќи распоредот е навистина тежок – започна Гвардиол.

За титула не се ни помислува…

– Не можам да лажам и да кажам дека по вакви натпревари сакаме да ја освоиме Премиер лигата. Би можел да го кажам тоа затоа што сакам, но сега е многу тешко. Нашата цел во моментов е да победиме на следниот натпревар – изјави Хрватот.

Сити ќе има уште една шанса да ја прекине лошата серија во четврток, кога на програмата е популарниот „боксинг деј“, а на „Етихад“ гостува Евертон.

Слични содржини