НЕ МОЖЕ БЕЗ БЕНЗЕМА: Реал не победува кога Французинот не игра

од Vladimir Zorba

Убедливиот пораз од Барслеона во синоќешното „Ел Класико“ (0:4) на „Сантијаго Бернабеу“ уште еднаш потврди дека играчите на Реал Мадрид тешко победуваат кога во тимот го нема Карим Бензема.

Имено, францускиот репрезентативец го пропушти најголемиот натпревар на шпанскиот фудбал поради повреда, што беше само 11-ти натпревар од почетокот на сезоната 2018/19 на кој не настапи, а Мадрид победи само пет меча, со три нерешени и порази.

Односно, „кралскиот клуб“ доби само 45,4% од натпреварите на кои играше без својата „деветка“, додека од друга страна триумфираше во 65,9% од натпреварите во кои во игра влезе Бензема.

Поточно, Французинот за Реал Мадрид во споменатиот период одигра 132 натпревари во кои оствари 87 победи, 19 порази и 26 нерешени.

Слични содржини