Нè очекуваат дождливи денови, не излегувајте без чадор

од Nikola Popovski
176 прегледи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час), информираат од УХМР.

Попладне под влијание на циклонска активност ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови. Во ноќните часови врнежите ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи.

Температурата ќе се движи од 8 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, во делови од котлината пообилни.

Во сабота времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, на повеќе места пообилни (над 30 л/м2), а наместа ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во недела ќе дува засилен јужен ветер, а локални врнежи се очекуваат попладне во западните делови. Температурите ќе се задржат релативно високи.

Слични содржини