Не очекувајте дека веднаш ќе станеме Швајцарија кога ќе ги почнеме преговорите со ЕУ, вели Азири

од Берта Китинска
259 прегледи

Ставот на Бугарија за вето е погрешен, но не треба да значи дека нема прашања за кои треба да се разговара. Во ЕУ и во било која друга заедница, членуваме како држава, не како индивидуи или етнички заедници. Треба да се отвори патот да почнеме преговори, да видат надеж граѓаните дека работите одат во добра насока“, изјави Елми Азири од Алијанса за Албанците е гостин во „Клик Плус“.

Тој кажа дека денот кога ќе ги почнеме преговорите, не значи дека ќе станеме веднаш Швајцарија, туку дека тоа е долг процес кој некој го чекаат и со години.

„Денот на почнување на преговорите, ние нема да станаме Швајцарија, тоа да им биде јасно на гражаните. Има земји кои чекаат 15 години и не се членки. Ние сакаме да бидеме коректни и кон власта и кон опозицијата. Единствен морален кредибилитет ако оваа влада го има, е ветувањето дека ќе имаме датум на 23. Јуни, иако години нанзад сме дека најавуваат, и не го добиваме датумот. Затоа сакаме да дадеме шанса, во прашање е мал период“, рече Азири.

Слични содржини