Не помина час по поразот од Болоња, Иван Јуриќ доби отказ од Рома

од Vladimir Zorba
51 прегледи

Ниту еден час по поразот на домашен терен од Болоња, Рома објави дека Иван Јуриќ повеќе не е нивни тренер.

„Сакаме да му се заблагодариме на Иван Јуриќ за неговата напорна работа во последните неколку недели. Тој се справи со тешката средина со најголема професионалност и ние сме му благодарни за тоа. Му посакуваме се најдобро во иднина. Потрагата по нов тренерот веќе започна и во следните неколку дена ќе објавиме кој ќе биде“, соопштија Римјаните на својата официјална веб-страница.

Јуриќ ја остава Рома на разочарувачката 12-та позиција, клубот во 12 кола оствари само три победи.

Севкупно, Јуриќ ја водеше Рома во 12 натпревари, осум во првенството и четири во Конференциската лига и оствари резултат од четири победи, три нерешени и пет порази.

Јуриќ на клупата на Рома пристигна на 18 септември, откако Даниеле Де Роси доби отказ поради лошиот почеток на сезоната. Хрватскиот стручњак го презеде тимот на 16-та позиција, но за неполни два месеци под негово водство немаше значително подобрување.

Поранешниот италијански селектор Роберто Манчини, кој неодамна ја напушти селекторската функција на Саудиска Арабија, важи за главен кандидат за клупата на Рома.

Слични содржини