Политичките и медиумски игри со кривични пријави против луѓето од тимот на Јанева не престануваат. Поднесени се нови кривични , објавуваат дел од провладините портали.

Од Јавното обвинителство повеќе детали најавувата за утре. како што пренесуваат провладините портали, пријавите се од лица главно од Свети Николе кои биле повикани на разговори и кои се жалеле дека од соработниците на Јанева биле уценувани, понижувани и заплашувани, а се однесуваат за малтретирање во вршење на служба врз основа на член 143 од КЗ .
Груевски се предомисли – Од „сеачка на магла“ како што јавно ја нарече сега јавно вели дека ја поддржувал Катица
Изминатиов прериод против СЈО беа поднесени повеќе кривични пријави, а на односот се пожалил и судија. Од СЈО одговорија дека работат согласно законот, а дел од правните експерти пријавите ги толкуваат како опструкција на работата на Катица Јанева.