Не прифаќам уцени, и мелничарите се виновни за состојбата, вели Хоџа

од Берта Китинска
190 прегледи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа денеска им порача на мелничарите дека не прифаќа уцени и дека секогаш кога им се давани дополнителни средства испаднало дека колку што дава државата, за толку тие им намалиле на земјоделците во делот на цената.

-Мислам дека ќе се изнајде решение, но поставување уцени нема никогаш да прифатам, а не верувам дека таков начин ќе прифати и Владата. Мелничарите многу добро знаат дека во одредени периоди и тие се виновни за ситуацијата во која се наоѓаме сега, а генерално, цените во регионот се солидни зашто има недостаток и не очекувам дека ќе биде проблематична сезоната кај нас, рече Хоџа, одговорајќи на новинарски прашања на настанот по повод новините во фитосанитарната политика.

Слични содржини