Навистина ми е несфатливо каква е неможноста или неподготвеноста на Северна Македонија, а особено на тамошната опозиција, да ги вклучи Бугарите во својот Устав“, изјавил бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во интервју за софиски „Дневник“.
Според него, и Европската унија и САД направиле се за да ја поддржат интеграцијата на С.Македонија и почетокот на нејзините преговори за членство.
„Од наша страна има гестови на добра волја за да можат и тие да тргнат на патот на евроинтеграциите и да ја надминат носталгијата и инерцијата од времето на Титова Југославија“, изјавил Ковачев.
Европратеник истакнал и дека не постои начин сите земји од Западен Балкан да можат истовремено да влезат во ЕУ.
„Сите мислиме дека најлесно ќе биде да се интегрира Црна Гора во Европската Унија, а тука се и преговорите со Албанија. Се надевам дека доколку има политичка желба во Скопје за промени, ќе започнат и тие преговори. Се надевам дека ќе се најде некое заемно прифатливо решение за признавање меѓу Приштина и Белград. За да не ги очајуваме граѓаните на овие земји, Европската Унија мора да се отвори пред овие граѓани преку различни проекти, програми и иницијативи“, рекол Ковачев.
Тој го коментирал и најавеното проширување на ЕУ кон исток.
„На Украина, Молдавија и Грузија, исто така, треба да им се даде фер шанса да одат по патот на европската интеграција, иако на Украина ѝ требаат огромни реформи. Сепак, во оваа фаза не сме подготвени да ја прифатиме Украина“, додал бугарскиот европратеник.