514
Министерот за здравство, Венко Филипче денес изјави дека не размислува да поднесе оставка во однос на последните случувања во СДСМ.
-Не мислам во таа насока. Во однос на прашањето за пожарот во модуларната болница, тоа е прашање за обвинителството. Јас немам увид во информациите, рече министерот како одговор на прашањето, дали некој ќе понесе одговорност, морална или кривична, за трагедијата во Тетово.
Тој исто така информира дека треба да пристигнат 250 илјади вакцини од компанијата Џонсон и Џонсон, но се уште нема точни информации кога ќе се случи тоа.
-Најавени се во два наврати. Рокот на вакцините е до 2023 година, но конкретен датум се уште немаме, изјави Филипче.