Не сака вечни лекари – функционери. Лекарската комора ќе си го врати стариот Статут

од desk3
153 прегледи

 

Со нов статут Лекарската комора ќе ги ограничува раковиднте позции само на два мандата. Ова го најави новоизбраната претедателка на Комората д-р Калина Гривчева Старделова. Најави дека новото раководство на лекарското еснафско здружение ќе бара измена на статутот, односно враќање на стариот.

Со сегашните решенија во статутот донесени на 23 февруари оваа година  на извршни и раководни места во Лекарската комора, некој лекар може да остане неограничено, додека  со стариот Статут  имаше ограничување на два мандати.

Сегашниот статутот е донесен од луѓе на кои една година им е истечен мандатот. И по стариот статут раководството и телата на комората може да носат одлуки шест месеци по истекот на мандат, а овде и тоа е пречекорено“, рече д-р Старделова.