256
Протестите пред Владата и Собранието беа режирани од страна на власта и опозицијата, смета градоначалникот на општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски во гостување „Click21“.
„Три пати бев на протести. Штом видов дека се формира работна група во којашто е и Павле Трајанов и опозицијата, но и СДСМ сфатив дека тоа е чорба направена во Брисел и сега само правиме фарса пред народот односно се бара излезна стратегија како да се протестира, тоа да биде канализирано и полека да се издиши. Таму имаше договор меѓу власта и опозицијата и од тие причини не сакав да изигравам будала и да излегувам на протести кои се режирани“, рече Јакимовски.