Не сакам да верувам дека Универзална сала е оставена да пропаѓа заради политички поени, вели Костадиновска-Стојчевска

од Берта Китинска
357 прегледи

Нема никакви проблеми со проектот за Универзална сала, туку се застанати градежните активности. Сакам да верувам дека тоа е можеби поради промена на градоначалник, не сакам да верувам дека Универзална сала како еден споменик и подарок од Република Бугарија по земјотресот е оставена да пропаѓа заради некои ситно-дневни политички поени, вели министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска .

Универзална сала е затворена 7 години.По локалните избори и промената на градоначалничката функција градежните работи се прекинати и објектот стои соголен.

Градоначалничката Арсовска во декември на брифинг со новинарите кажа дека фасадата и куполата ќе се завршат до пролет, а за внатрешноста во моментов нема пари бидејќи од Владата се префрлени средства само за надворешноста, а немало ниту проектна документација.

Слични содржини