Не се доаѓа лесно до Путин: Кој сака средба со него, мора да ги исполни овие УСЛОВИ

од Stefanija Kuzmanovska
335 прегледи

Кремљ продолжува да презема посебни безбедносни мерки заради пандемијата на коронавирус за организација на состаноци со рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Лична средба со него е можна или по периодот на карантин или по многу темелно тестирање – им рече Песков на новинарите, пренесе Тасс.

Тој додаде дека специјалните мерки пред лице в лице со Путин зависат од ситуацијата и поединецот.

– Додека се на работа, некои луѓе можат да бидат во контакт со заразени лица, некои од соговорниците на претседателот можеби биле болни неодамна и така натаму и така натаму. Затоа некои се подложени на многу темелно тестирање, некои остануваат во карантин неколку дена, некои помалку денови – објасни портпаролот на Кремљ.

Според него, имајќи предвид дека ситуацијата е далеку од сосема нормална, се преземаат посебни мерки на претпазливост во врска со шефот на државата.

– Во исто време, ова не го спречува шефот на државата да го интензивира својот распоред за работа – забележа Песков, објаснувајќи дека мислел на неговите состаноци и разговори во регионите.

Слични содржини