Не се гледам во ликот на Катица Јанева, вели Русковска

од Берта Китинска
250 прегледи

Не се гледам во ликот на Катица Јанева, вели обвинителката Вилма Русковска за обвинителката Јанева, која исто така беше разрешена од функцијата во СЈО, како што истакна по поднесување жалба за одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители.

– Не сум ја злоупотребила функцијата, немам намера да ја злоупотребувам, а особено не за парични средства како што беше докажано. Не ја споредувам мојата судбина со истата. Сметам и повторно сакам да нагласам дека се што е преземено во предметите е согласно законите – кажа Русковска.

Слични содржини