Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова денеска информира дека на албанската страна од Охридското езеро не се гради пристаниште.
-Во однос на информациите кои се појавија на македонската страна во медиумите, можам да ви кажам дека неофицијално не станува збор за градење на пристаниште, туку за расчистување на теренот и во моментов нема реакција од УНЕСКО бидејќи нема градба на таков вид на објект. Барем досега, се беше тоа во делот на шпекулациите, реле Шукова, одговарајќи на новинарско прашање.
Уште претходно имаше остри реакции од македонска страна за градежните зафати во близина на изворите Дрилон, кај Тушемиште Албанија, на брегот на Охридското Езеро. Ова следуваше откако, неодамна премиерот на Албанија Еди Рама на својот фејсбук-профил објави фотографии, од како што истанка, проектот изградба на патеки и марина во строго заштитеното подрачје во самото езеро.