Мажите ги сакаат повеќе жените со долга коса, бидејќи таа е знак за добро здравје и квалитетни гени, открија француски научници. Научниците од Универзитетот на Јужна Бретања направиле експеримент во кој жена со долга и жена со кратка коса оделе по улици и испуштиле ракавица пред претставниците на двата пола. Кај мажите два пати била поголема веројатноста да ја дигне ракавицата на жената со долга коса.
Реакциите на жените биле исти, независно од должината на косата. “Жените со долга коса остават впечаток за поголема женственост, младост, здравје и сексипил”, пишуваат научниците во “скандинавско списание за психологија”. Младоста и доброто здравје инстинктивно се поврзуваат со потенцијал за плодност. Ова е првата студија кои бараат врска меѓу фризурата и однесувањето.