Идејата на министерот за транспорт и врски, Александар Николоски за воведување на градски воз во Скопје се заснова на користење на постојната железничка инфраструктура во градот Скопје и околината. Според него, не се работи за нови инвестиции или доградба на железничка мрежа.
Николоски порача дека е потребно да се направи детална физибилити студија во краток рок за тоа колкав проток на пратеници може да има, кои се железничките станици кои што веќе постојат, а не се во функцијата, дали треба да се изградат нови и кој би бил најефикасен начин за нови, каква е состојбата на возовите…
Како пример, министерот ја посочува пругата низ Драчево која не се користи на адекватен начин.
-Јас сум убеден дека доколку има редовни возови кои собраќаат во точно време и се чисти и добро уредени, со пристојна цена на карта, бројни граѓани ќе ја користат оваа опција. Сега тргнуваат и не знаат што ќе ги најде по пат. Ќе се намали сообраќајната гужва. Наскоро ќе излеземе со целосна визија, кажа министерот на денешната прес-конференција.