Министерот за правда Бојан Маричиќ не забранил да се користи името „Македонија“ во називите на приватни субјекти. Во овие овие неколку месеци додека е на позицијата министер за правда потпишал повеќе решенија за трговски друштва да го користат истото, секако согласно Уставот и законите.
Во одговор за НОВА ТВ, од министерството информираат дека само во месец јануари оваа година, такви одобренија, кои според постоечкиот Закон го издава Министерството за правда, добиле компаниите „Фохит Македонија ДООЕЛ Скопје“ и „ФОТОМАКЕДОНИЈА СГ ДООЕЛ“. Според списокот на регистрирани компании истата пракса била и во текот на минатата година.
16.11.2020
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Друштвото за производство, трговија и услуги УАН ИНСАЈД МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје да го содржи зборот „Македонија“ во називот на друштвото.
24.11.2020
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Друштвото за трговија и услуги ГЕНТЛИ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје да го содржи зборот „Македонија“ во називот на друштвото.
2.2.2021
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Друштвото за софтверски услуги Фохит Македонија ДООЕЛ Скопје да го содржи зборот „Македонија“ во називот на друштвото.
12.11.2021
СЕ ОДОБРУВА Друштвото за трговија и фотографски услуги ФОТОМАКЕДОНИЈА СГ ДООЕЛ Скопје да го содржи зборот “ Македонија ” во називот на друштвото.
Претходно, како реакција на пишувањата на некои портали, директно контролирани од опозицијата, во кој се ширеа дезинформации дека Маричиќ забранил да се употребува придавката „македонски“, од Министерството за правда на новинарско прашање од МИА, одговорија дека се работи за класична лажна вест. Дополнително Маричиќ и Министерството секогаш кога тоа е во согласност Уставот и законите, дозволува да се употребува придавката „македонски“.
Само во последните неколку месеци се регистрирани друштвата со имиња СВЕТА ЛИДИЈА МАКЕДОНКА-ЧЕНТО, Македонска сомелиерска асоцијација-МАКСА, Здружението за екологија, едукација, спорт, култура и развој на свеста на граѓаните за историјата на македонскиот народ МАКЕДОНСКА ПРЕРОДБА Сопиште, Здружението Македонска Асоцијација на Планински и Ски Водичи на Република Северна Македонија.
Сите овие решенија се потпишани од министерот за правда Бојан Маричиќ.
28.1.2021
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Здружението за изградба на Македонската православна црква СВЕТА ЛИДИЈА МАКЕДОНКА-ЧЕНТО, Скопје да ги содржи зборовите Македонската и Македонка во називот на здружението.
14.1.2021
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Здружението Македонска сомелиерска асоцијација-МАКСА, да ја содржи придавката Македонска во називот на здружението и кратенката МАК во скратениот назив на здружението.
2.2.2021
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Здружението за екологија, едукација, спорт, култура и развој на свеста на граѓаните за историјата на македонскиот народ МАКЕДОНСКА ПРЕРОДБА Сопиште, да ги содржи придавките Македонска и Македонскиот во називот на здружението.
11.12.2020
Р Е Ш Е Н ИЕ СЕ ОДОБРУВА Здружението Македонска Асоцијација на Планински и Ски Водичи на Република Северна Македонија, да го содржи зборот „Македонија“ и придавката Македонска во називот на здружението.
Ако се погледнат решенијата, издадени во последните месеци, тогаш е јасно дека ниту министерот, ниту министерството не забрануваат користење ниту на именката „Македонија“, ниту пак на придавката „македонски“. Но, лажните вести дека наводно тој забранил нивна употреба не престануваат да се шират.