„Не се сите ужасни во Велика Британија“: Прекрасен гест на бизнисмен за девојче кое било малтретирано на Интернет

од Stefanija Kuzmanovska
312 прегледи

Маж од Велс собира пари за младата Германка, која беше малтретирана на социјалните мрежи, со цел „да ѝ покаже дека не се сите ужасни во Велика Британија“.

Некои англиски навивачи на Англија беа немилосрдни кон девојчето кое плачеше на трибините на стадионот Вембли по победата на Англија над Германците со 2: 0 во осминафиналето на Европското првенство.

Поранешниот англиски репрезентативец Стен Колимор и Гери Линекер ги осудија коментарите на некои навивачи на Англија.

Кога виде како некои луѓе го напаѓаат девојчето на социјалните мрежи, 51-годишен бизнисмен од јужниот дел на Велс, Џоел Хјуз, реши да ја израдува малата германска навивачка.

Тој организираше собирање пари како подарок за девојчето, а досега износот достигна повеќе од 8.000 фунти (околу 9.300 евра).

„Го гледав натпреварот, беше добар. Бев свесен за одредена негативна атмосфера, имаше бучава и слично, но не размислував повеќе за тоа“.

Но, потоа на социјалните мрежи видел „подла злоупотреба на сликите на тоа девојче“ и Хјуз одлучил: „Доста ми е од ова“.

Ако семејството на девојчето не е пронајдено или не сака да го прифати подарокот, тој рече дека парите ќе бидат донирани „за цел што е тесно поврзана со духот на акцијата“.

Слични содржини