Не се скратува породилното отсуство за мајките, се додаваат четири месеци и за таткото

од Nikola Popovski
193 прегледи

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска информираше дека породилно отсуство од четири месеци ќе добијат и татковците на децата.

-Ова што се прошири низ социјалните мрежи за кратење на отсуството заради раѓање не е вистина. Тоа е шпекулација, односно нецелосно прикажување на измените во новиот текст од Законот за работни односи, затоа што на мајката не ѝ се скратуваат тие сегашни девет месеци, туку напротив се додаваат уште четири месеци како можност таткото да користи родителско отсутво заради раѓање на дете, изјави Тренчевска.

Тренчевска очекува кон средината на февруари да завршат јавните дебати околу текстот.

-Потоа да ги собереме предлозите, коментарите, препораките од овие јавни расправи, да се вгради тоа што е конструктивно во текстот и тој да влезе во владина процедура до крајот на февруари. Откако ќе биде разгледан и усвоен од Владата, ќе го пратиме во собраниска процедура, рече Тренчевска во изјава за Тв Канал 5.

Слични содржини