Ако порано на територија на цела Европа се воделе војни со оружје, во другите делови се води хибридна војна каде што преку најразлични методи се прави вознемиреност во државата, вели премиерот Димитар Ковачевски за дојавите за бомби кои што се појавија во последните две недели во неколку средни училишта во Скопје.
Според него, МВР при такви дојави мора да интервенира бидејќи се работи за училишта, бидејќи „луѓето се најосетливи кога се работи за школи“.
-Не случајно тие таргетираат школи. Нашите деца учат во тие школи. Министерството интервенира, Секторот за електронски криминал ги испитува сите можни податоци за да се дознае од каде доаѓаат тие лажни дојави. Се надевам дека тие што го прават тоа, ќе сфатат дека Европа треба да живее во мир, а не да живее во страв и неизвесност, изјави Ковачевски.