Не сме уморни и не креваме раце, вели Груби за европскиот пат на С. Македонија

од Nikola Popovski
240 прегледи

Во спорот со Бугарија, правиме се што е во наша моќ да ги усогласиме нашите позиции и да го одблокираме нашиот пат на интеграција преку ново пријателство. Не сме уморни или разочарани, нема да креваме раце. Напротив сме мотивирани да ја надминеме оваа пречка и заедно со соседите од Западен Балкан да се најдеме себеси закотвени на пристаништето на ЕУ, изјави првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на сесијата „Европскиот мировен проект во Западниот Балкан“, во рамки на Преспа форумот за дијалог

Тој додаде дека „ова закотвување мора да биде достоинствено, со целосно почитување на идентитетските, културните и јазичните дефиниции на нашите македонски сограѓани.

-Северна Македонија – оваа успешна приказна е заедничка одговорност на сите нас. Нашата земја е раскрсница на Западен Балкан, три од правците на оваа раскрсница се изградени и се проодни со правилни насоки, и онаа на Охридскиот договор, и онаа од Преспа, и онаа на автокефалноста, остана да биде успешно завршена само и четвртиот правец на добрососедството кој ќе не однесе дома, во Брисел, истакна Груби во своето обраќање.

Слични содржини