Не стигнаа генераторите за граничните премини што ги вети Демерџиев

од Nikola Popovski
218 прегледи

Не беше исполнето ветувањето што во саботата во Скопје го даде министерот за внатрешни работи на Бугарија Иван Демерџиев за испорака на генератори за струја за граничните премини со Македонија, објави синоќа „БНР“.

Причините не се јасни зошто не пристигнале агрегатите, иако беше најавено дека треба да бидат подарени во текот на вчерашниот ден, додаваат од бугарскиот медиум.

На брифингот во понеделник наутро, Демерџиев потврди дека три генератори ќе бидат испорачани на граничните премини долж границата со Македонија и дека тоа ќе го спроведе бугарското МВР.

-До доцна попладне тоа не се случило и веројатно е одложено за друг ден, дознаваат од „БНР“.

Најавата за подароците на бугарските власти следува откако во саботата падна системот за контрола на ГП „Деве Баир“ за влегување и излегување во земјава, при доаѓањето на бугарските граѓани кои сакаа да оддадат почит на гробот на Гоце Делчев.

Слични содржини