Не стивнува статистиката на Ковид заразени: Три скопски општини со бројки над 1000

180 прегледи

Синоќешните бројки, говорат дека не стивнува ниту малку вториот бран од Коронавирусот.

Имено, на нправени 3315 тестирања, синоќешната статистика говори за 1295 новозаразени. Повторно 539 односно половината се од Скопје, потоа следуваат Прилеп со 92, Тетово со 83, Гостивар 72…

Во последните 24 часа регистрирани се и 26 лица, а Институтот за јавно здравје регистрираше и 429 оздравени пациенти.

Аеродром, Гази Баба и Карпош се трите скопски општини во кои во моментот има над 1.000 активни случаи на коронавирус.

Во Аеродром заразени се 1.205 лица, потоа следи Гази Баба со 1.066 и Карпош 1.032. Нешто помалку од 1.000 заразени има во Центар и Кисела Вода, каде се регистрирани 982 и 964 случаи со Ковид-19.

Во Ѓорче Петров има 639 заразени, Чаир – 458, Бутел – 400, Илинден – 192, Шуто Оризари – 132. Во останатите скопски општини бројките се двоцифрени.

Во главниот град во моментов има 7.756 активно заразени лица, откако вчера тука беа регистрирани над 500 нови случаи.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 43.835, бројката на оздравени пациенти е 25.782, на починати е 1.238, а бројот на активни случаи изнесува 16.815.

Слични содржини