Не сум изненадена што се самоуби, тој играше игри со неа: Плејбој „зајачица“ ги откри валканите игри на ѕвездата на Баерн!

од Stefanija Kuzmanovska
395 прегледи

Продолжуваат неверојатните вести во кои се споменува името на Џером Боатенг.

Фудбалерот на Баерн Минхен повторно е во центарот на вниманието, бидејќи по самоубиството на неговата поранешна свршеница, на негова сметка паднаа тешки зборови од уште една жена – и тоа поранешна Плејбој „зајачица“!

Боатенг најпрво беше во центарот на настаните кога раскина со Касија Ленхарт, 25-годишна манекенка со која беше и верен, а со која наводно претходно ја изневерил претходната партнерка Ребека.

Фудбалерот има деца со Ребека, а по раскинувањето со Касија тврдеше дека сè уште ја сака. Касија тврдеше дека Боатенг е „ѓавол“ и дека ќе открие сè за него, а потоа се случи трагедија – осум дена по нивното раскинување, Касија изврши самоубиство!

Сега за сето ова се одласи Мелиса Хоу, поранешна Плејбој „зајачица“, која тврди дека излегувала со Боатенг, додека тој сè уште бил верен со Касија.

„Не сум изненадена што заврши вака и што таа се самоуби, затоа што момци како Џером прават ментален хаос за девојките, бидејќи тие сакаат да си играат со нивните емоции и чувства. Тогаш доаѓа до такво лудило како што ѝ се случи на неа“, навела Хоу.

Таа додаде дека се шокирала кога слушнала дека Касија се самоубила, но дека потоа сфатила сè.

„Џером играше игри со неа и ете што се случи на крајот. Се запознав со Џером во Лондон и тој веднаш ме малтретираше на социјалните мрежи. Тој ме замоли да одам на забава со него и јас се согласив. Сакаше да одам во Германија со него, но јас одбив. Излеговме неколку пати, но никогаш не спиев со него. Мислев дека сум единствена, а потоа на една насловна видов дека е во врска и дека е верен. Ми праќаше пораки и се однесуваше како таа да не постои. Јас го прекинав секој контакт со него затоа што тоа е премногу драма за мене“, изјави Мелиса Хоу за британскиот „Сан“.

Слични содржини