„Не сум му јас баба, ќе ме вика СВЕТЛАНА!“ Анастасија случајно го сними разговорот на Цеца со Вељко (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Анастасија Ражнатовиќ е снимена во семејната куќа, додека во позадина се слушна интересен разговор помеѓу нејзиниот брат Вељко и нејзината мајка, пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Имено, Цеца разговарала со Вељко на телефон, а тема на разговор бил малиот Жељко, синот на Вељко и внукот на Цеца.

– Не сум му јас баба. Светлана ќе ме вика, исто како тебе – му рече Светлана Цеца Ражнатовиќ на нејзиниот син.

Анастасија случајно го сними овој разговор, а потоа го сподели на Инстаграм, со коментар:

– Ве молам, вклучете го тонот.

Слични содржини