„Не сум редар за да барам сертификати“: Прослава за Рамковниот договор ќе има

од Берта Китинска
309 прегледи

И покрај многубројните критики во јавноста, дека прославата за 20-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор би можел да биде кластер кој ќе доведе до ширење на вирусот, надлежните не се предомислуваат.

Концертот е откажан, со што Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците покажува доблести и ги уважува анти-ковид препораките, со тоа што ги откажува манифестациите каде има ризик за зараза, кажа вицепремиерот на денешната панел-дискусија посветена на годишнината до Договорот.

Но, централна прослава за годишнината во хотелот Александар Палас ќе има. На манифестацијата е предвидено да присуствуваат до 200 луѓе во сала во која собира 1500 луѓе. Присутните ќе седат на дистанца согласно ковид протоколите и ќе им се мери температура пред влезот во салата.

„Затоа не ја разбирам оваа масовна хистерија по социјалните мрежи. Се надевам дека не се однесува на Охридскиот договор и на неговата имплементација, туку дека навистина е загриженост околу протоколите“, вели вицепремиерот.

Тој кажа дека е испратено барање до Министерството за здравство за дозвола за организирање на прославата.
„И тоа пред три недели најмалку, имав контакт и со министерот за здравство и со директорот на Центерот за јавно здравје доктор Шабан Мемети, кој ќе ги донесе сите потребни луѓе кои ќе ги спроведат протоколите за настанот кој ќе се организира утре, кажа првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците .
На прашањето дали ќе се бара сертификат за вакцинација на гостите Груби кусо одговори: „Не сум редар прашајте ги институциите“.

За настаните за одбележување на две децении Рамковен предвидено е да се потрошат половина милион евра.
Воениот конфликт започна на почетокот на 2001 година, меѓу Ослободителната народна армија (ОНА) и безбедносните сили на Република Македонија.

Преговорите за Рамковниот договор кои траеја околу два месеци започнаа во Скопје, а продолжија во Охрид, каде завршија со потпишување на документот во претседателската резиденција во Скопје на 13 август 2001. Го потпишаа тогашните лидери на најголемите политички партии во земјата Бранко Црвенковски на СДСМ, Љубчо Георгиевски на ВМРО-ДПМНЕ, Арбен Џафери на ДПА и Имер Имери на ПДП.

Потписници на Договорот, беа и специјалниот претставник на ЕУ, Франсоа Леотар и специјалниот претставник на САД, Џејмс Пердју, кои учествуваа во преговорите.

Слични содржини