„Не треба дневница, само хилта“…Новинари се пријвуваат да ја уриваат дивоградбата кај Мавровка

од Берта Китинска
539 прегледи

Откако истекоа законските рокови во кои непознатиот инвеститор требаше сам да ја урне дивоградбата, општината Чаир објави тендер за избор на фирма која ќе ја отстрани истата. Но, според информациите ниту една фирма не се пријавила на тендерот за рушење.

Вчера повеќе новинари се пријавија да ја уриваат дивоградбата кај трговскиот центрар Мавровка, на повикот на поранешниот уредник на Телма, Дарко Чекеровски се пријавија и Огнен Чанчаревиќ, Томислав Кежаровски, екс претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, а помош понуди и Наташа Стојановска.

„Јас се пријавувам за рушење на нелегалниот објект кај Мавровка“, напиша на Фејсбук, Чекеровски.

„Затоа што фирма нема да се најде, по неговиот примерот на Дарко Чекеровски, и јас се пријавувам доброволно за рушење на дивоградбата кај Мавровка. Не треба дневница, само хилта“, напиша и новинарот Огнен Чанчаревиќ.

Инвеститорот е се уште непознат за институциите. Предистражната постапка е во тек и се уште се разгледуваат информациите од Катастарот, за сопствеништвото на парцелите кај трговскиот центар „Мавровка“.

Слични содржини