Противпожарната бригада од Скопје вчера изгасна пожар во стан во нова зграда на улица „Методиј Шаторов-Шарло“ во Аеродром, во кој загинала повозрасна неподвижна жена.
Командантот на противпожарната бригада Владимир Симоновски потврди дека има една жртва во пожарот. Тој вели дека жената не можела да побегне и се задушила од отровните гасови. Жената имала рак и живеела сама во станот.
Од МВР информираат дека околу 21 часот полицијата добила пријава за пожар во стан на ул. „Методија Шаторов – Шарло“, сопственост на М.Ш.(1955) која била во станот и починала.
Од страна на доктор во 21:30 часот констатирана е смрт. Пожарот е изгаснат од страна на БППЗ. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на судска медицина за обдукција.
Екипа на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Јавен обвинител вчера извршија увид во опожарениот стан кај починатата.