Не ви го напишале добро прашањето, му порача Мицкоски на новинар кој го праша за изјавата на Муртезани за уставните измени

од Nikola Popovski
164 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека немаат разлики во владеачката коалиција и дека работат колегијално и има атмосфера на разбирање. Како одговор на новинарско прашање, претседателот на Владата денеска рече дека „министерот за европски прашања, Орхан Муртезани не рекол дека мора да се донесат уставните измени“.

-Не би рекол дека така рече министерот. Можеби е добро тие што ги пишуваат прашањата да внимаваат што рекол министерот. Мислам дека не ви го напишале добро прашањето. Нашиот став за уставните измени сме го кажале стотина пати и тој е непроменет, рече Мицкоски по настанот на кој се потпиша договор за франшиза на Тиквеш Инвест и Холидеј Ин во Кавадарци.

Муртезани вчера на прес-конференција во Владата, изјави дека без решавање на спорот со Бугарија и уставните измени, нема да може да се одблокира пристапот кон ЕУ.

Запрашан дали се согласува со премиерот и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски за уставни измени со одложено дејство, Муртезани додава дека прашањето треба што поскоро да се реши.

Слични содржини