
Чајот од хибискус има диуретичен ефект и го намалува крвниот притисок – му помага на телото да се ослободи од собранитее течности и непријатните отоци намалуваат. Докажано е дека чајот од хибискус е ефикасен за намалување на пулсот и регулирање на хипертензијата.
И најубавото нешто е дека тој нема никакви несакани ефекти, какви што имаат апчињата за висок крвен притисок, како хепатално оштетување, недостаток на виталност, слабост и така натаму.
Во 2010 година хемичари докажаа дека чајот од хибискус содржи антоциани и различни својства за клеточно зајакнување, кои штитат вените.
При направена студија е утврдено дека на луѓето кои пијат две чаши чај од хибискус дневно во период од четири недели се намалил крвен притисок со 12%. Антоцианите кои содржи хибискус, го блокираат ангиотензин конвертирачки ензим (АКЕ), поради кој крвните садови се стегаат и крвниот притисок се зголемува.
Сличен е ефектот на апчињата за висок крвен кои се препишуваат од лекарите за контрола на артериска хипертензија. Голема разлика е дека чајот од хибискус дејствува без никакви несакани ефекти.
Во случај дека имате потреба од медицински предности на чајот од хибискус, тогаш ќе треба да пиете две до три чаши на ден.
Рецепт за чај од хибискус за хипертензија
состојки:
4 чајни чаши вода
3 лажици сушен цвет од хибискус
1 стапче цимет
1 лажица мед
Исцеден сок од 1 портокал
Начин на приготвување:
Откако ќе зовриете водата, отстранете ја од топлина и со неа прелијте ги 3-те лажици сушен цевт од хибискус и стапче од цимет. По 20 минути исцедете ја течноста и додајте мед и сок од портокал. Пијалокот може да се консумира и студен, со мраз.
Внимание:
Чајот од хибискус е исклучително кисело. Значи откако ќе испиете чајот, исплакнете ја устата со вода, за да се заштите од расипување на забите