Алијанса за Албанците не е навикната да биде само декор во владата, затоа решивме да одиме во опозиција и да се вратиме кај граѓаните – Арбен Таравари ги појасни причините за неговото заминување од Владата. Говорејќи за еден албански медиум вели, имавме зацртани точки кои не успеваме да ги исполниме.
Вчера преку Фејсбук статус објави дека е горд на излегувањето на неговата партија од Владата и порача дека ќе победат на локалните избори во октомври. Појаснува дека АА е посилна од кога било иако некои се обидуваат да ја прикажат како поделена.
-Горд сум на секој од вас што е дел од Алијансата за Албанците, горд сум на сите вас што цврсто стоевте при нашето излегување од Владата. На оние кои се обидуваат да нè прикажат како поделени, ви велам – вашата серија не е успешна, гордо сме посилни од кога било. Не заборавајте ние сме победниците во октомври, напиша Таравари на својот Фејсбук профил.
Во пресрет на локалните избори партиите ја заоструваат реториката. Лидерот на интегративците на собир со граѓаните го праша премиерот Христијан Мицкоски, зошто го менува Законот за употреба на јазиците и Охридскиот рамковен договор.
-Ние не ја носиме државата со себе – ние имаме право да ја водиме, тоа ни припаѓа! Албанците се над 30 отсто, живеат континуирано на своите огништа и се нераскинлив дел од државноста не држеа потиснати, исплашени, протерани – но тоа заврши. Денес, Албанците имаат три универзитети и илјадници професионални кадри. Ниту една сила не може да ја сопре оваа реалност, изјави Али Ахмети.
Од коалицијата ВЛЕН преку соопштение велат дека ДУИ се движи кон бездна, Ахмети го доживува политичкиот крај и ги повикаа сите гласачи на алијанса за Албанците кои се чувствуваат предадени да им се приклучат.