„Не знаеме кои се 14-те починати“: Трае обдукцијата и идeнтификацијата на лицата кои загина во пожарот

од Берта Китинска
155 прегледи

По обдукцијата ќе се започне со постапката за идентификација на лицата. Во овој момент ние се уште не знаеме кои се 14-те лица, рече претседателот Стево Пендровски при денешната посета на местото на несреќата во модуларната болница во Тетово.

-Повикани се роднини на тие што се лекувале во болницата да дадат материјал за идентификација, бидејќи идентификација на лицата со оглед на се што се случи оди тешко. Затоа се бара ваква помош, не може визуелно да се идентификуваат, истакна Пендаровски.

Во меѓувреме директорот на судска медицина, Александар Станков рече дека целиот институт работи на случајот на починатите пациенти од Ковид центарот во Тетово. Целиот процес на идентификување треба да заврши најдоцна во сабота.

Во пожарот загинаа 14 лица, а 12 се на лекување. Вкупните капацитетите на Министерството за здравство и сите институции се ставени во целост на истрагата за пожарот. Се уште трае истрагата и ве молам за внимание и трпение, кажа министерот за здравство, Венко Филипче .

Тој како министер и човек побара од јавноста и медиумите да објавуваат точни информации во врска со наводите околу пожарот.

-Тешко можам да го искажам чувството што го имам во моментов. Од одговорност нема никој да биде изземен, ако се утврди такво нешто. Починаа 14 пациенти на возраст од 29 до 79 години и нивните тела беа предадени на Судска медицина. 12-те пациенти кои беа спасени се сместени во главната болница во Тетово, информира Филипче.